Почина Чарлс Симиќ, истакнатиот американски поет со српско потекло, добитник на наградата „Златен венец“ на СВП во 2017 година
10 јануари 2023Еден од најголемите современи светски поети, Чарлс Симиќ почина на 9 јануари 2022 г. во Довер, Њу Хемпшир, на 84 годишна возраст.
Чарлс Симиќ е роден на 9 мај 1938 година во Белград, Југославија. Во 1954 година неговото семејство емигрира во САД. Чарлс Симиќ е еден од најисклучителните поети на денешнината. Симиќ за своето дело е добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и Пулицеровата награда во 1990 година, меѓународната награда „Грифин“ за поезија, медалот „Роберт Фрост“, наградата „Збигњев Херберт“, наградата „Валас Стивенс“, а бил назначен како Poeta Laureatus на САД. Неговотот поетско творештво го сочинуваат книгите: Што кажува тревата (1967); Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки (1969); Разградување на тишината (1971); Бело (1972); Враќање на место осветлено од чаша млеко (1974); Биографија и тажаленка (1976); Харонова космологија (1977); Класични игри од балската сала (l980); Острини (1982); Временска прогноза за градот Утопија и околината (1983); Избрани песни 1963-1983 (1985), Бескрајна тага (1986), Светот не завршува (1989) Книга на богови и ѓаволи (1990); Хотел Несоница (1992); Свадба в пекол(1994); Застрашувачки играчки (1995); Прошетка со црната мачка (1996); Си ја барам бељата (1997); Jackstraws (Игра со чкорчиња) (l999); Избрани рани песни (1999); Ноќен излет (2001); Глас во 3 часот наутро: Избрани подоцнежни и нови песни (2003); Избрани песни 1963-2003 (2004); Тетка Марула сакам да ти ѕирнам под здолништето (2005); Мојата нема придружба (2005); Тоа мало нешто (2008); Шеесет песни (2008); Мајстор за преправање (2010), Избрани и нови песни 1962-2012 (2013); Лудак (2015), Чкртки во мракот (2017). Симиќ исто така објавил бројни преводи од француската, српската, хрватската, македонската и словенечката поезија, а автор е нa неколку книги есеи.